Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тотти доби понуда да ја продолжи својата кариера во редовите на јапонскиот второлигаш Токио Верди
Тоти оваа година се прости од Рома по 25 години носење на дресот на римскиот клуб. Водството на клубот му понуди позиција на спортски директор, но Тоти уште размислува дали да ја продолжи својата кариера.
Понуди добива од сите страни на светот, а една стигна и од Јапонија.
“Би било сјајно ако Тоти ја прифати нашата понуда, тоа би било како сон. Меѓутоа, се плашам дека нема да успееме да се договориме. Тоти бара 3 милиони евра, а тоа е премногу за нас,“ кажа претседателот на јапонскиот клуб.
Тоти во дресот на Рома одигра вкупно 785 натпревари, постигна 307 гола, ја освои Серија А, два Купа и два Суперкупа на Италија, Светски првак со Италија од 2006, европски вицепрвак од 2000. годин