Ако во Македонија сè уште не сме преброени поради ред „државотворни“ причини (веќе 15 години), „нашите од Перт“, а и од другите градови „огништа на Македонштината“ во Австралија го немаат истиот проблем.
Според податоците на Австралиското биро за статистика од 2016-та година, на овој континент живеат над 98 илјади Македонци, или граѓани со македонско потекло.
За разлика од 2011-та, бројот е зголемен за околу 5 илјади лица. Намален е бројот на Македонците во Австралија кои зборуваат македонски јазик во меѓусебната комуникација.
За жал „нашите од Перт“ ја намалиле употребата матичниот јазик…
Од таа непријатна ситуација јас гледам само два излеза…
Редовно гледање на „Иселенички џубокс“ и организирање на талент шоу програм по теркот на „Пинкови ѕвездички“, на кој малите наследници на „нашите од Перт“ ќе пејат тврдокорни македонски хитови од репертоарот на Орце Стефковски и романтични балади од опусот на Рубинчо Благадуша.
Пишува: Батко Тане