fbpx
5.8 C
Skopje

Мерки на владата за заштита на граѓаните од топлото време

АКТУЕЛНО

Владата на Република Македонија на вчерашната седница ги потврди соопштените мерки од Министерството за здравство коишто се однесуваат на упатства до граѓаните и фирмите за дејствување и работа со оглед на високите временски температури.

Апелираме да се почитуваат препораките од Министерството за здравство според кои ослободени се од работните обврски најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Препорачано е установите за згрижување на децата, градинките, да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Ги потсетуваме работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 3 дена, до понатамошно одлучување.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -