1.8 C
Skopje
Saturday, November 2, 2024

Андреј Ковачев: Активирани се сите руски агенти да го спречат приближувањето на Македонија и Бугарија

Во Бугарија, Грција и Македоија во моментот се мобилизирани сите руски агенти да ги плашат бугарите, грците и македонците за нивното зближување во иднина, особено она по средбата меѓу Бојко Борисов и Зоран Заев.

Ова го изјави европратеникот Андреј Ковачев на социјалната мрежа Фејсбук.

Подобрувањето на односите меѓу Софија и Скопје не е во полза на Москва и Белград. Само првите неколку денови во Скопје беа напишани над 300 статии против Заев за посетата и договорот за добрососедство со Бугарија, поради што беше прогласен за предавник на македонскиот идентитет.

Во Грција ја активираа Златна зора да направи „протести“ со српски знамиња поради односите на Скопје и Софија. Кај нас го активираа целото ДС воинство да се бори против зближувањето на Македонија и Бугарија, нагласувајќи дека националните интереси на Бугарија се предадени и дека сме го признале „македонскиот јазик“. Европратеникот во своето излагање наведува дека очекува нови провокации за односите меѓу Македонија и Бугарија.

Партијата ВМРО ДПМНЕ излегува секој ден со декларација на официјалната страница да го брани „идентитетот на македонците“. Таа партија ја има кратенката ВМРО во своето име, Боже, гледаат ли старите војводи што се случува?
И сите тие, во трите држави, се нарекуваат „патриоти“ кои имаат задача да не плашат и саботираат, пишува европратеникот на својот ФБ профил.

поврзани објави

Последни објави