Последните неоколку месеци Бред Пит изгледаше уморно и исцрпено кога ќе се појавеше во јавноста, но синоќа на доделувањето на Златните глобуси славниот глумец заблеска во полн сјај.
Додека трае мачната бракоразводна парница со Анџелина Џоли, со која се бори за старателството врз нивните шест деца, на Бред со овации му беше пружена поддршка од холивудската елита.
https://www.youtube.com/watch?v=k-oi_A3JjYc
Неговото појавување на церемонијата за многумина беше изненадување, бидејќи не се веруваше дека ќе се појави и ќе биде еден од презентерите. Кога се појави на бината доби громогласен аплауз, а тој не можеше да ја сокрие насмевката.