5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Трамп за Ким Џонг-ун: Овој нема ли нешто подобро за правење?

Американскиот претседател Доналд Трамп реагира против последниот севернокорејски тест на МБКР (интерконтинентална балистичка ракета), и ја повика Кина да “го прекине тоа еднаш засекогаш” , пренесува USA Today.

Трамп традиционално го изрази своето мислење на социјалната мрежа Twitter. “Северна Кореја лансираше уште една ракета. Зарем овој тип (севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун – бел.ред) нема нешто подобро за правење? Тешко е да се верува дека Јужна Кореја и Јапонија можат да ги издржат овие работи уште долго време. Можеби Кина ќе дејствува цврсто против Северна Кореја, и ќе ја прекине оваа несериозност еднаш засекогаш “, напиша американскиот претседател на социјалната мрежа.

поврзани објави

Последни објави