6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Дојде време разделно во ВМРО

Почитувани ВМРО-ци,
Ви се обраќам вам, оние кои ја рушевте Југославија и создававте независна Македонија, оние кои го продолживте делото на Татарчев, Груев,Делчев,Сарафов, Александров, Михајлов и сите знајни и незнајни паднати за идејата НЕЗАВИСИМА и СВОБОДНА МАКЕДОНИЯ, оние кои и нас не заразивте со вирусот нарече ВМРО и Македонија, мислам дека е дојдено време разделно.

Да почитувани истомисленици, секој еден од нас треба да земе решение на кое ВМРО ќе му служи. Дали на она ВМРО на царот на планината Тодор Александров или она ВМРО на царот на персиските килими и мермер. Не заради друго а затоа што, мислам дека чашата прелеја. Секој еден од нас носи одговорност пред себе, пред неговите деца и пред неговите предци за своите решенија.

Не се изненадувајте, времето брзо проаѓа, ќе пораснат и нашите деца, идното поколение на ВМРО и рано или касно ќе не прашаат зошто работите изгледаат вака. Што се случи со идеата ВМРО и како стигнавме до тука?! И од тоа нема бегање. Како што ние ги прашувавме нашите татковци така и тие ќе не прашуваат нас. Но нашите родители имаат со што да се гордејат, ја срушија Југославија, направија независна држава, денеска имаме се за она што сонуваа нашите дедовци, но некако ја изгубивме душата. Станавме меркантилни, среброљубиви, класични Алеко-пашевци, готови да уништат се за да ги задржат своите функции и конфорт. А тоа ли е ВМРО?

Зарем ВМРО не беше да дадеш се за Македонија и ако е потребно и животот, како што пишуваат и дејствуваат нашите предци? Зарем ВМРО не беше да ја зборуваш вистината, да не лажеш, да не крадеш, да не го малтретираш собствениот народ, а точно обратно, да си готов да се жртвуваш за него и неговите интереси? Зарем заборавивме дека заради финансиски злоупотреби од касата на Организацијата некои војводи платија и со главите. Кога почитувани ВМРО-ци нашата идеја стана синоним за местенки, криминал, злоупотреби? Што се случи со ВМРО?

Затоа е дојдено време разделно, време во кое ВМРО треба да разчисти со ДА, УДБА, ДПМНЕ и слично. И ние избираме на чија страна да застанеме, дали на страната на Павловиќ-Латас, Ивона, Ѕинго, Миле, Гордана, Титови леви сили, Стоилковиќ, прославите на Зебрењак, Миленко или на страната на ВМРО. И треба да знаеме дека тоа ќе остане забележано од историјата, а ние или ќе се гордееме или ќе се срамуваме од нашиот избор. Не заради друго туку заради иднината на нашите деца, ВМРО и Македонија.

Пишува: Петар Колев

поврзани објави

Последни објави