fbpx
11.8 C
Skopje

Исклучените синдикати најавија тужба за претседателот Митревски

АКТУЕЛНО

Четирите синдикати кои беа исклучени од ССМ од страна на разрешениот претседател, Живко Митревски, најавија тужба против него.

„Бидејќи сме спречени со полициски сили да влеземе во нашите простории и во услови кога власта застана на страна на разрешениот претседател Митревски кој нелегално го окупира ССМ, се договоривме да поднесеме тужби за нестатутарно донесување на одлуките со кои сме суспендирани и се прави обид да бидеме исфрлени од просториите кои се финасирани од парите на нашето членство“, изјави Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ.

За денес беше најавен протест во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, но во зградата влегоа околу триесетина припадници на полициските сили, со цел да го спречат овој протест на синдикалците.

Митревски најпрво беше расрешен од должност на седницата на Советот на ССМ, а на негово место беше назначен нов в.д претседател. Но откако беше назначаен новиот министер за труд и социјала ова решение беше поништено. После одлуката за поништување на решението, Митревски од ССМ ги исклучи Синдикатот на УПОЗ, СУТКОЗ, СИЕР и Арго синдикатот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -