Откако го продолжи договорот со Милан, младиот голам Џанлуиџи Донарума одлучи да се опушти на најомиленото место за луди забави, Ибица. Заминувањето на забава на 19. годишниот голман ги разлути професорите кои поради обврските во репрезентацијата U-21 му излегоа во пресрет.
Донарума со заминувањето во Ибица посебно го навреди претседателот на комисијата за испити, професорот Елду Форја. Тој вели дека му дале време исклучиво поради репрезентативните обврски, но тој сепак одлучил можноста да ја искористи за забава и за патување на Ибица заедно со својата девојка.
Ваквото однесување претставува значително непочитување на училиштето и другите ученици. Донарума доби повеќе време за учење. Барањето за додатно време за учење беше оправдано поради негово учевство на Европското првенство до 21 година. Секако дека тоа му е одоборено за да се подготви за тестовите. Сепак, наместо да учи, тој замина на Ибица со својата девојка“, рече разочарано професорот Форјо за италијанските медиуми.
Истиот испит го полагаа уште 57 ученици. Професорот Форја не наоѓа оправдувае за однесувањето на голманот и смета дека со неговата постапка тој плукнал директно на сите во училиштето.