2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЛП: Осуда за погрешните политики и криминалот во здравството во изминатите 11 години

„Либералната партија ги осудува погрешните политики во здравството во изминатиот 11 годишен период од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како и криминалот и нечовечкото трошење државни средства за приватни потреби во последниот објавен случај со „ЈЗУ Козле“.

Критериумите за дијагностицирање постапки и оценка за спреченост за работа на пациентите итно треба да претрпат промена.

Пред сe бараме укинување на законската одредба која забранува матичен лекар да дава боледување на пациент подолго од 5 работни дена. За лице кое е навистина тешко болно премалку се 5 дена да ги заврши сите тестирања, снимања, испитувања во нашиот јавен здравствен систем. А секогаш постои можност за одложување на некое лабараториско испитување, и тоа за неколку дена.

Предлагаме секој матичен лекар да нe е така ограничен со бројот на боледувања за едно тримесечје (во зависност од бројот на пациенти) со цел да не дојде до ограничување на потребите на оние пациенти на кои навистина тоа им е потребно. Не смее да следува казна за надминати бројки на издадени боледувања. Постојат други механизми за спречување на злоупотреба на боледувања, онаму каде има човечки фактор не може сe да се регулира со бројка.

Матичните лекари (вклучително педијатрите и гинеколозите) треба да имаат поголема слобода во работењето.
Од тие причини бараме да се врати правото на матичниот лекар да издава боледување до 14 дена. Впрочем, тоа беше повеќедецинска воспоставена пракса.

Ограничените права на докторите се рефлектираат и на учениците бидејќи според член 57 од Законот за основно образование став (1) за секое изостанување на ученикот од настава родителот е должен да го извести раководителот на паралелката за причините за изостанувањето. Се разбира дека тоа изостанување мора да биде поткрепено со медицинска белешка.

Сегашната пракса матичниот доктор да може да одобри така ограничен број денови и брзо да се оди на специјалист ги отежнуваат и дополнително ги усложнуваат процедурите. Кога би се прифатил нашиот предлог, целокупната постапка би се поедноставила на сметка на здравјето на пациентите, а со тоа и на учениците“, се вели во соопштението на Либералната партија.

поврзани објави

Последни објави