Пишува: Булеварко
Во инбокс добив над 100 пораки со жестоки навреди кон мене, пцовки и разни епитети, поради некој мој наводен говор на омраза или слично…Ок…Треба да почнам да лепам принтови и да видат сите кои се тие што мене ме обвинуваат за говор на омраза.
Како прво, јас на никого не сум му посакал смрт, да му биде главата скршена, лично не сум навредил никого, а општо кажаните ставови се трудам да бидат на некое човечко ниво.
Најголемата хистерија и омраза се токму од луѓе кои себе се прокламираат дека се борат против тоа.
Повелете на други канали. Кај што се бара смрт за педерите, токмаци за душманите, бетонски плочи, кај што се вадат имиња, адреси на неистомислениците, кај што се лепат деца и семејства на стиропорни табли…
Таму обратете се и пробајте да ги кажете вашите ставови. Еве ја сум неписмен, ропак, неиживеан, сум се криел(важи за секого понудата лично да се сретне со мене секој што мисли дека се кријам)…Како ли уште не ме нарековте. Запаметете. Како што сум бил застапник на слободата на говор, исто така имам право да го бранам своето право на говор и моите лични ставови.
Ај да ги видиме сега довчерашните ФБ и ТВИТЕР револуционери кои станаа советници и дел од владиниот тим како ќе ги застапуваат луѓето;)
Ја ќе останам на страната на луѓето и нема да бидам партиски мегафон. Со политичари нема да се сликам и моите ставови не се дел од никакви кампањи.
Еве сега врват ЛГБТ кампањите…Во ред…Ќе праеле и PRIDE…Пак во ред…Дај извадете ги тие 100 000 Хомосексуалци кои тврдите дека ги има во МК и одма да ви биде дадено се што сакате…Немојте со тие смешни собири, 50 луѓе од кои 10 од одборот на Евро фондовите…Ако приказната за Хомофобија и згазени човекови права се сведе на 50 свирчиња, олабавете 😉
Во меѓувреме…Бидете што сакате, фатете си го дечкото за рака..Никој…ама никој нема да ве забележи…Ама еј…Не брцкајте во окото на другите. Има луѓе кои тоа не можат да го сварат а тоа НЕ Е ХОМОФОБИЈА 😉