2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Стојчевски до Груевски: Се срамам што во 2003 год. ќе се степав со моите другари за твоја слика да стои во МК Ново Лисиче, а да се тргне на Љубчо

2 hrs ·

Се срамам јас само од тебе, никогаш нема од себе, се срамам што во 2003 год. буквално ќе се степав со моите другари за твоја слика да стои во МК Ново Лисиче а да се тргне на Љубчо (Сарма ти е жив сведок).
Се срамам од тебе што сум те нарекувал претседател, но никогаш “шефот” или “човекот” како што знаат да те нарекуваат твоите поданици.
Се срамам кога те слушав во бомбите како преговараш за името, се срамам кога те слушав како договараш брз Закон за јазици, се срамам што донесе Закон за амнестија на воени злосторници врз цивили под уцена на ДУИ, се срамам што никогаш не донесе Закон за бранители истиот го повлече под уцена на ДУИ , се срамам кога македонските чесни патриоти ги нарекуваш насилници, се срамам како преговараш за процентите од народот, се срамам кога на политички неистомисленици нарачуваш шамари, се срамам што до вчера сум имал претседател кој место едно благодарам да ми каже за мојата лојалност, за моите 20 години поминати во партијата за која сум дал крв, солзи и пот, 11 пати те правев победник на избори, секогаш во први редови за ВМРО-ДПМНЕ а секогаш како што викаш ти 6ти ешалон што ме прави посебно горд.
Ако знаеш што е срам Никола.

Фејсбук статус на Александар Стојчевски (иницијатор за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ)

Се срамам јас само од тебе, никогаш нема од себе, се срамам што во 2003 год. буквално ќе се степав со моите другари за…

Posted by Aleksandar Stojcevski on Saturday, July 8, 2017

поврзани објави

Последни објави