fbpx
-4.2 C
Skopje

БАТИСТУТА ТЕШКО БОЛЕН: Поради него децата го засакаа фудбалот, а денес еден од “најголемите“ едвај се движи

АКТУЕЛНО

 

Беше еден од најдобрите и најомилените фудбалери на своето време. Габриел Баститута, магичниот Аргентинец, за сите нас кои бевме инфицирани со фудбалот во 90-тите беше многу повеќе од обичен натпревар. Најубавите моменти од фудбалот ги помина во Фиренца. Во негово време фудбалските тревници ги газеа најдобрите играчи – Роналдо, Роналдињо, Зидан, Фиго… – но уверен сум, да направиме анкета во која би го бирали најомилениот фудбалер на сите времиња, дека Габриел би бил високо пласиран на таа листа.

И баш затоа не погоди веста која вчера стигна од Аргентина, а која вели дека Аргентинецот е тешко болен. Здравствената состојба на Батистута во последно време драстично се влошува и во последното интервју кое го даде за новинарите изјави дека едвај може да се движи.

Имам проблем со обичното движење бидејќи за фудбалот дадов многу повеќе отколку што требав, рече Баститута па објасни за што точно станува збор:

Ја сакам оваа игра, тактика, тренинзите и сето она што се случува на теренот. Нажалост тоа остави трага во мојот живот, по моето здравје. Дадов многу повеќе отколку што моето тело можеше да поднесе и денес за тоа ја плаќам цената, беше искрен Батистута.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -