-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Момент на вистината: Грците и Турците го обединуваат Кипар

Мировниот договор за Кипар ќе биде тешко да се постигне, но не и невозможно, изјави денес претставникот на Обединетите Нации, Еспен Барт Еиде, за време на состанокот меѓу претставници од грчките и турските островски заедници во Женева.

Еиде, поранешниот министер за надворешни работи, изјави дека ОН ќе биде во функција да се спороведуваат разговори, но нема да биде и арбитар.

„Лидерите покажаа голема храброст, голема желба. Ќе биде тешко, но не и невозможно“ изјави Еиде на конференцијата за новинари.

Лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис и водачот на турската заедница Мустава Акинчи, разговараа за поделба на власта, територијални и безбедносни прашања во рамките на повторно обединување на Кипар под ист чадор.

„Моментално сме во завршна фаза. Сега е моментот на вистината“, додаде Еиде.

Се очекува договор околу тоа, која страна ќе контролира поголем дел од територијата. Лидерите на кипарските Грци и Турци на почетокот на декември се договорија да продолжат со преговорите во јануари за повторно обединување на островот.

Со овој договор, претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис и водацот на кипарските Турци, Мустафа Акинчи, не дозволија преговорите да останат во мирување, после 19 месеци солиден напредок.

На преговорите ќе присуствуваат Грција, Турција и Велика Британија, поради безбедносни аранжмани по потпишувањето на договорот.

Интензивните преговори меѓу Анастасиадис и Акинчи започнаа во ноември минатата година, поради несогласувањето во врска со прашањето за тоа колку луѓе ќе имаат право да побараат куќа и имот во обласите кои ќе бидат под контрола на секоја од страните со предвидената Федерација.

Во меѓувреме, кипарските Грци и Турци се собраа вчера на концертот насловед „Одбројување до мир“, во пресрет на преговорите во Женева
за повторно обединување на островот, поделен од 1974 година.

Концертот беше организиран од страна на четири медиумски групи, по две од двете страни на островот, а беше одржан на труска страна на северниот дел од Никозија.

„Овде сме да ги обединиме граѓаните, да ги споиме сите жители на Кипар, да покажеме дека можеме“, изјави Марилена Евангелу, главен уредник на онлајн изданието на кипарските Грци, потралот „Политис“.

Евангелу истакна дека со овој концерт се испраќа порака до кипарските лидери и на целиот свет дека „народот на овој остров може да живее заедно“, пренесува АФП.

Кипар е поделен после турската инвазија во 1974 година, после државниот удар во насока на обединување на островот со Грција, потсетува американската агенција.

поврзани објави

Последни објави