Министерот за финансии Драган Тевдовски учествува на конференција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува во Дубровник во периодот од 10 до 11 јули.
На конференцијата се присутни министрите за финансии и гувернерите на централните банки од регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Главен настан е тркалезната маса со директорката на ММФ Кристин Лагард. Клучни теми на конференцијата се: искуството од конвергенцијата на регионот; зајакнување на институциите и политичката економија и реформите.
Во рамки на престојот, министерот за финансии Тевдовски оствари средба и со извршниот директор на ММФ за регионот, Ентони де Леној.