Властите во Србија и Хрватска ги предупредуваат граѓаните да не излегуваат на сонце и да пијат многу вода поради топлотниот бран што го погоди Балканот овие денови. Температурите достигнаа 40 степени во некои области, а дуваат и топли ветрови.Големите температури предизвикаа пожар во главниот град на Црна Гора и се закануваат да стигнат до куќите во предградијата.
Шест стари лица умреа минатата недела Во Хрватска како резултат на високите температури.Во Белград, властите во неколку места во центарот на градот ставија цистерни со вода, работниците во зоолошката градина ги ладат со вода птиците, а другите животни со свежо овошје и зеленчук.