fbpx
16.8 C
Skopje

Њујорк тајмс: Владата на Русија сакала да му помогне на Трамп со штетни информации за Клинтон

АКТУЕЛНО

Пред да се состане со руската адвокатка поврзана со Кремљ, синот на американскиот претседател Доналд Трамп јуниор бил известен по електронска пошта дека тој материјал е дел од напорите на Владата на Русија да помогне на неговиот татко во претседателската кампања, објави Њујорк тајмс.

Трамп јуниор за бил известен со мејл од поранешен новинар Роб Голдстоун, наведува весникот повикувајќи се на три неименувани лица.

Состанокот на Трамп јуниор руската адвокатка Наталија Весељницкаја и шефот на претседателската кампања Пол Манфорд, бил организиран по барање на Голдстоун кој семејно е поврзан со бизнисот на Трамп.

Голдстоун вчера потврди дека го организирал состанокот во име на својот клиент, но не обелодени содржина за мејлот за кој пишува Њујорк тајмс.

Трамп јуниор наведе дека бил заинтересиран за информации што би биле штетни за Хилари Клинтон, но не и дека мислел дека Весељницкаја е поврзана со Кремљ. Весникот Њујорк тајмс почна во саботата да известува за состанок одржан во јуни 2016 година во Кулата на Трамп во Њујорк.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -