11.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе троши 100 милиони евра годишно за вработување на партиски послушници

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата на СДСМ не е реформска, туку антиреформска и дека за тоа докази се повеќе нејзини мерки и постапки, од кои една е и вработувањето на, како што велат оттаму, партиски послушници.

„Сто милиони денари годишно од парите на граѓаните ќе бидат потрошени за привремени вработувања на партиските послушници на СДС и за новите советници на Заев од невладиниот сектор. За ребалансот на буџетот антиреформската влада на СДС ја зголеми за 100 проценти количината на средства кои се издвојуваат за привремени вработувања, бидејќи Заев мора да ги плаќа фактурите и да ги остварува ветувањата кои ги даде пред членството“, истакна на денешната прес-конференција Емилија Александрова.

Додаде дека наместо реализација на ветувањето 500 евра просечна плата, Заев започнува со реализација на ветувањето дека „ќе ја партизира државата од чистачка до министер“.

Овие средства, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, можат да се искористат за повисок стандард, плати, пензии и социјална помош или пак за градење школи и болници.

поврзани објави

Последни објави