fbpx
1.8 C
Skopje

Кога им се стемнува на скопските градоначалници?

АКТУЕЛНО

 

Јакото летно сонце е збунето во Скопје. Иако тоа пржи со сета сила, па дури и во 19 часот може да те изгори, главниот град му контрира со пуштање на уличните светилки. Едноставно, градоначалниците не му се предаваат.
Да, ова изгледа како шега, ама во Скопје тоа е навистина реалност. Во 19 часот уште мора наочари темни за сонце да се носат, ама по улиците веќе светат светилките. И така е со денови, а што е уште пожално така е и со месеци, за што „Скопско Ехо“ укажуваше презентирајки фотографии. Денот се зголемуваше, тајмингот на вклучување на светилките слабо го следеше тоа.
Си велиме, ај може тоа е најновата енергетска ефикасност, ама некако ни нема логика. Затоа и ни се наметна едно друго прашање – кога им се стемнува на скопските градоначалници?
Додека тие да одговорат, еве ние скопјани да им кажеме дека ни се стемнува од високите такси кои ги плаќаме месечно за улично осветлување. Ни се стемнува и од скоро секојдневните објаснувања на градските татковци дека работат ефикасно и домаќински. Ни се стемнува кога ќе прочитаме дека Градот Скопје прави дури и конференции (читај – полни шведски маси) на тема „Улично осветлување – стекнати знаења и резултати“ и потоа пак се си е по старо.
Ај, па, може ќе ни светне на локалните избори.

 

СКОПСКО ЕХО

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -