fbpx
2.3 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Брзо откривање на вандалите на гробиштата во с.Љуботен

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара брза и ефикасна реакција на органите на државата за откривање на лицата кои ги оштетија гробовите во село Љуботен.

– Загрижува молкот на надлежните институции после вандалскиот чин во село Љуботен кога беа сквернавени и уништени триесетина православни гробишта во ова село. Овој срамен чин внесува немир и подгрева тензии. Затоа е неопходно брза и ефикасна реакција на органите на државата, изјави Коце Тапшановски.

Според Тапшановски, Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи имаат одговорност да работат 24 часа и итно да ги пронајдат сторителите.

– Секое неоправдано одолговлекување на истрагата од страна на МВР отвора сомнеж дека ваквото дело било направено свесно со и цел да се предизвика страв и нервоза помеѓу населението, за да се протуркаат некои сериозни политички потези на новата власт, вели Тапшановски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -