Уредникот и бизнисмен Драган Павловиќ Латас како и новинарката Ивона Талевска денеска ќе се појават во Апелациониот суд каде ќе се разгледуваат жалбите на СЈО за неизрекување на побараните мерки за случаите „Тотал“ и „Тифани“.
Во Апелациониот суд за денеска се закажани повеќе седници на кои исто така ќе се разгледуваат жалбите на побараните мерки од судот за обвинети во случаи кои ги истражуваше Специјалното јавно обвинителство, а ќе се разгледуваат и жалбите од одбраната.
Покрај случаите „Тотал“ и „Тифани“, во Апелациониот суд ќе се разгледуваат и жалбите за случајот „Триста“, кој се однесува за набавка на 300 полициски возила, за овој случај во судот треба да се појави помошник-министерот на МВР, Ѓоко Поповски.
Во Апелација ќе се одржи и седница за предметот „Тарифа“ во кој се обвинети три лица за злоупотреба на службена положба и овластување.
Извор: а1он