3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Заев на средба со високи претставници на Светска банка: Поддршка на Владата за економски развој на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, вчера се сретна со Цирил Милер, потпретседател на Светска банка, Вашигтон, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.

Високите претставници на Светска банка изразија поддршка на новата Влада на Македонија. Оценето е дека завршувањето на политичката криза и реформските политики на Владата отвораат нови можости и перспективи за Македонија. Поради ова, Светска банка изрази подготвеност да помогне на Владата во заложбите за нови работни места, добра бизнис клима, инвестиции. Се разговараше за поддршка на Светска банка преку системот за менаџирање на јавни финансии и компетитивност на економијата.

Премиерот Заев соопшти дека врвен приоритет на Владата е да обезбеди стабилност на економијата и развој.

“Владата е силно посветена сите граѓани да почувствуваат бенефит од економскиот развој. Целта ни е добар животен стандард за сите. Затоа Владата ќе ја зголеми поддршката за домашните претпријатија, а создаваме услови и за реални странски инвестиции” рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, најави покачување на минималната плата од септември и фер даночен систем, за да се намалат социјалните разлики во државата. А за стабилна бизнис клима, премиерот соопшти дека се планирани реформи со цел да се обезбедат независно судство и продесионални институции.

На средбата, претставниците на Светска банка ја поздравија определеноста на премиерот Заев и на Владата за поддршка на регионалниот развој како важен услов за економскиот развој на Македонија и на државите.

поврзани објави

Последни објави