5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Апел за помош на Матеј Стоилов

Матеј Стоилов ја направи пет скен снимката, но остануваат уште низа други испитувања за кои се сеуште потребни средства… Да му помогнеме на малиот Матеј да има безгрижно детство.

На семејството Стоилови месечно за лекови му требаат по 10 илјади денари, пари кои тие ги немаат. Поради тоа, Матеј е веќе долго време без лекови.

Пред малиот Матеј претстои голема битка за да ја победи болеста. За тоа е потребно многу љубов, но и многу пари. Ние имаме љубов најголема на свет, но потребна ни е и Ваша помош за да собереме доволно средства за Матеј да се излекува.

Неговите родители наоѓаат сили да се грижат за Матеј, но потребно е да се соберат и доволно средства за неговото лекување. Затоа, секој хуман граѓанин кој е во можност да донира, Ве молиме да го направи тоа.

Трансакциска сметка за донации 
240 1671025375 13
Уни Банка
Матеј Стоилов

Девизна трансакциска сметка за донации
NAME: KIRCO STOILOV
IBAN: MK07 2401 6701 0986 779
SWIFT: UIBMMK22
BANK: UNIBANK AD SKOPJE

Донациски број за корисници на Оне.ВИП 143-489

Превземено од фб

Телефон за контакт со таткото на Матеј – Кирчо 078/249-702

 

“Решен сум да го продадам својот бубрег и своето срце само моето дете да живее” – вели Кирчо Стоилов од Делчево чие дете боледува од аутизам и има оштетување на мозокот. Таткото на четири годишниот Матеј објаснува дека и тој и сопругата не работат. Живеат во стан кој им го доделила државата и немаат пари да го лекуваат нивниот син. Кирчо бара помош за да направи пет-скен дијагностика за своето дете. Лекарите го предупредиле дека може да остане неподвижен ако не се дијагностицира до каде напреднала неговата болест и ако не се преземат итни мерки.

„Сакам единствено ако треба и на државата да си го дадам бубрегот да ми дадат средства, да ми се однесе детето да ми се оправи, бидејќи не сакам да ми заврши трагично. Барам до сите граѓани на кој му е потребен бубрег лично одма сè што треба ќе потпишам, ако треба и срце исто, мојот живот ќе отиде ама детето ќе ми е со сопругата…“ рече Кирчо Стоилов татко на Матеј

„Ние кога одиме, она (доктортката) ни вика не ми доаѓајте тука додека не ја направите снимката, таа снимка чини околу 1.600 евра. Ние не сме моќни да ја направиме. Матеј е во многу тешка ситуација, не може да зборува има многу повреди на мозокот, чудно ми е како живее…“-рече Жикица Стоилова мајка на Матеј

 

Со мал гест до големи остварувања. Да му помогнеме на малиот Матеј Стоилов за да може и тој како и сите нас среќно да ужива во својот живот.

Преземено од: фб

поврзани објави

Последни објави