3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Латас: СЈО не треба да бара мерка притвор. Ова е штета за Сител ТВ, за семејството. Сител не може да најде друг човек кој ќе ги извршува сите обврски!

„Јас сум главен и одговорен уредник на Сител телевизија, а тоа значи дека треба постојани средби со продавачи на програми, а ова не може да се промени преку ноќ. Исто така професор сум на Европскиот универзитет. Трето, професор сум во Србија, каде ако не сум присутен, ќе добијам казна. Осумдесет отсто од приходите во семејството се од мене. Ова е штета за Сител ТВ, за семејството. Сител не може да најде друг човек кој ќе ги извршува сите обврски што јас ги правам“, рече денеска пред Апелациониот суд, бизнисменот и новинар Драган Павловиќ-Латас.

Тој од страна на СЈО се товари за финансиски криминал, односно даночно затајување. СЈО  побара од судот притвор за него, а доби само мерки за претпазливост тој да се јавува во судот секој понеделник и одземање  патна исправа, кои се обжалени од страна на адвокатите Светлана Савиќ и Анита Бегова.

„Обинителството требаше да има доблест и да не поднесува барање за ваква мерка бидејќи не е вообичаено. Не гледам причина зошто би се дал во бегство и како би го повторил делото. Едната фирма не е активна, другата е во постапка за ликвидација”, вели адвокатката на Латас, Светлана Савиќ.

поврзани објави

Последни објави