4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ципрас: Мора да се реши прашањето за името, а потоа приклучување на Скопје во ЕУ и НАТО

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјавил дека прашањето за името меѓу Атина и Скопје мора да се реши пред Македонија да може да се приклучи на ЕУ и на НАТО.

На заедничката прес-конференција во Солун со српскиот претседател Александар Вучиќ, Ципрас истакнал дека „одлуките на Европскиот совет и на Самитот на НАТО се дека прво мора да се реши прашањето за името, на заеднички прифатлив начин“, пренесува „Катимерини“.

Ципрас потврдил дека шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, имаат редовни контакти и оти грчкиот министер за надворешни работи наскоро ќе разговара со медијаторот Метју Нимиц за прашањето за името.

Грчките медиуми најавуваат дека спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе биде една од темите на денешната трилатерална средба во Солун меѓу Ципрас, Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

поврзани објави

Последни објави