Пратеникот од СДСМ Стефан Богоев денеска од собраниската говорница говореше за поврзаноста на Зврлевски со функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа тој и воопшто не е изненаден зошто пратениците толку грчевито го бранат во Собранието на Република Македонија.
Токму Марко Зврлевски растури еден куп семејства на невини луѓе, тој е крив што при очи се правеше слеп, при уши се правеше глув и не ги виде случаевите за Актор и Македонска Банка. Зврлевские е крив што вратарите и убијците од 27 април наместо да одговараат сеуште седат во Собранието. Тој е крив што Никола Груевски и фамилијата наместо во Шутка и пред суд, сеуште се на слобода како безгрешни граѓани.
Пратеникот на СДСМ им порача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека правдата е бавна, но ќе стигне, посочувајќи им дека ќе се срамат за нивните постапки.