Ноно Чичио го даде своето срце на Фоџа во 1937 година и не го сака назад.
Секој вистински навивач ќе ви го каже – има некоја магија во тоа да следиш омилениот тим насекаде. Да влезеш на стадионот, на местото што не си го напуштил никогаш! Да патуваш со воз или автобус, да го гледаш од трибините натпреварот на својот тим.
Сезона по сезона, децении….
За 90 годишен навивач патувањата со тимот при гостувања веќе изгледаат невозможна задача.
Но не и за Ноно Чичио кој е култна личност за целиот италијански фудбал, или барем за луѓето од ултра групите. Во 1937 Чичио заедно со пријател украле (земале без да прашаат – по неговите зборови) два велосипеда и возеле цели 54 километри, за да го гледаат натпреварот на Фоџа во живо.
Овој ден се менува неговиот живот засекогаш.
До денес Ноно останува една од знаменитостите на индустрискиот град, им покажува на неколку генерации што е љубов кон омилениот тим.
Во Втората светска војна е испратен во Северна Африка да војува. Заробен е од британската армија, пратен во Шкотска во воен камп.
“Ме третираа доста подобро отколку италијанската влада денес со мојата пензија“, се шегува стариот навивач“.
ВИДЕО за 90 годишниот Ноно Чичио.