fbpx
8.8 C
Skopje

„Велт“: Целта на ЕУ е да создаде мини Југославија на Балканот

АКТУЕЛНО

По самитот во Трст, кој ги собра лидерите на земјите од Западен Балкан, германскиот весник „Велт“ пишува дека Европската Унија сака да создаде нова мини Југославија.

Во текстот се наведува дека ЕУ сега не е во состојба да прими нови членки и дека сака да создаде царинска унија.

„Планираната балканска царинска унија би требало да ја сочинуваат Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија, односно сите земји настанати со распадот на Југославија, и по можност Албанија. Од ЕУ порачуваат дека формирањето на заеднички економски простор би ги направило овие земји поспремни за пристапување кон Унијата, кога и ако таа биде подготвена да ги прими во своето друштво“, пишува „Велт“.

Истовремено, продолжува текстот, ЕУ сака да го задржи своето влијание во регионот во кој веќе се судруваат ривалски големи сили. За среќа на Хрватска и Словенија, тие веќе се членки на ЕУ.

„Целта на царинската унија е да го деактивира балканскиот буре-барут, но без да ги прими тие земји во ЕУ. Југославија ја држеше стабилна таа експлозивна мешавина од народи, а сега тоа е задача на ЕУ“, пишува во текстот на германскиот весник, во кој се предупредува дека тензиите во регионот сè повеќе растат.

Затоа, пишува во текстот, ЕУ сака да ја оживее Југославија, овој пат како царинска и транспортна унија, само без Хрватска и Словенија, кои се веќе во ЕУ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -