7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест удираа по собраниските клупи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја тргна точката за ребаланс на буџетот од дневниот ред, поради доцнењето на министерот за финансии Драган Тевдовски кој требаше да го образложи, по што Томислав Тунтев од СДСМ побара истата да се врати назад.

По кратка дискусија, по која настана галама во собраниската сала, Џафери на неговиот монитор постави лист со натпис на албански јазик, на кој се гледаше симбол на човек кој моли за тишина.

По повторното инсистирање на Тунтев, Џафери рече дека според процедурите, пратениците треба да соберат 20 потписи и да побараат итна седница.

Откако пристигна, Тевдовски на говорница побара од Џафери да се врати точката на дневен ред, по што собранискиот спикер му укажа дека Собранието има деловник кој мора да се почитува.

Џафери е дециден дека пратениците не се должни да го чекаат министерот за финансии.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, рече дека доцнењето на Тевдовски го загрозува донесување на буџетот.

Тој од говорница побара дневниот ред да се дополни со точката за увид на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, која не беше усвоена. Против гласаа 55, а „за“ 40 пратеници.

„Со самото гласање против ова, покажувате дека вие сте максимално негативистички против опозицијата. Не дозволувате граѓаните да дознаат што е договорено меѓу Македонија и Бугарија. Овие три минути докажавте дека не сте транспарентни”, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

По говорот на Димовски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест удираа по собраниските клупи.

По ова дневниот ред на 8. седница, без предлогот на завршната сметка на Буџетот за 2016 година, беше усвоен со 98 гласови „за“, еден глас „против“ и еден воздржан.

поврзани објави

Последни објави