fbpx
6.8 C
Skopje

Османи: Долгото чекање пред вратите на Унијата мора да прекине

АКТУЕЛНО

Вицепремиерот за евроинтеграција, Бујар Османи денес го престави Планот 3-6-9 пред Комисијата за европски прашања, на која беше и премиерот Зоран Заев.Според него, долгото чекање пред вратите на ЕУ мора да прекине, многу шанси се пропуштиле досега но ако се пропшушти и оваа, граѓаните нема веќе да простуваат.

„Ние ќе почнеме со остварување на реформите, кои немаат за цел само интеграција, туку создавање на европска држава. Во првиот дел има 73 мерки кои треба да се реализираат од институциите, а ние како влада сме во секојдневен контакт со нив. Тоа што ќе биде многу важно е инклузивноста на владата со институциите и граѓаните, како и инклузивност на политичките партии внатре во Собранието“, рече Османи, па почна да ги набројува мерките што ќе следат наредниот период.

Околу Собранието тој најави враќање на надзорната улога на оваа институција што ја има над одредени институции. Владата, според него, треба да дозволи надзор над сите институции, како УБК или БЈБ, а во согласност со најавата за поголема отчетност, ќе прифати пратенички прашања на една недела, во рок од еден час.

Во областа на изборите, според Османи, приоритет ќе биде консолидирање, ажурирање на изборната листа и обука на вработените во судството, со цел да се изгради независно судство.Во тримесечниот период ќе бидат изготвени сите препораки за слободно судство.

Во областа на Охридскиот договор тој најави усвојување на законот за албански јазик, додека околу јавната администрација најави нејзина деполитизација и обезбедување подобри услови за работа. „Борбата против корупцијата е високо на овој план, со еднаков пристап кон секој граѓанин“, нагласи вицпремиерот, па додадеЧ
.
„Долгото чекање пред вратите на Унијата мора да прекине. Прозорецот кој се отвара пред нас, треба да го искористиме и да дадеме конкретни резултати. Сега е време секој од нас да се посвети и да ја насочи земјата кон ЕУ и НАТО. Сме грешеле сите, сме пропуштиле многу шанси, а ако ја пропуштиме и оваа, граѓаните нема да ни простат. Сметам дека ова е прв чекор за надпартиска сплотеност кои се наша определба“, порача Османи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -