Медиумите од „Островото“ пренесуваат дека Жозе Мурињо имал едно несекојдневно барање за турнејата во САД и наредил на тимскиот автобус да нема слика од ниту еден фудбалер
Добро познато е дека Жозе Мурињо внимава на секој детал и многу силно оружје му е психолошката страна во фудбалот.
Па Португалецот во свој стил имал едно несекојдневно барање на турнејата во САД.
„Специјалниот“ сака на Олд Трафорд да изгради силен тимски дух и наредил на тимскиот автобус да нема слика од ниту еден фудбалер.
Целата е да се избегнат расправии и нетрпеливост помеѓу големите ѕвезди во тимот.
Една од опциите биле сите играчи да се најдат на автобусот, но на крајот бил најден компромис, па го има само грбот на клубот и логото на спонзорот АОН.
За минатогодишната турнеја во Кина, на автобусот се најдоа слики од неколку играчи помеѓу кои Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни.
Извор: 24Фудбал