Малиот борец и верен фан на Сандерленд Бредли Лоури кој не ја издржа битката со ракот, денес е погребан во неговото родно место во Англија. На неговиот погреб, за последен пат од својот миленик се простија неговите најблиски но и Лук Шо, Ли Катермол, како и фудбалерот Џермејн Дефо, кој беше еден од најтажните луѓе на светот, поради специјалната врска која ја изгради со малиот Лоури, во текот на неговото лекување. Дефо на себе носеше дрес со бројот „6“ и со солзи во очите ја напушти црквата каде беше изложено телото на малиот Бредли.
Фамилијата на малиот Бредли побара од фановите на малиот „супер херој“ покрај тоа што ќе ги носат дресовите од неговиот омилен тим, да донираат и по една фунта во фондацијата „Бредли Лоури“, која ќе служи за борба против ракот кај децата.