-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев: Барам затворена седница за образложување на договорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев, на Комисијата за европски прашања апелираше до координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, да гласаат позитивно за планот 3-6-9, но како што рече, одлуката останува на пратениците од нивните редови.

„Со Грција го имаме договорот кој и го презентиравме на јавноста и од тоа не отстапуваме. Јас го замолувам Собранието, во вторник, да свика седница во Парламентот за да го образложам договорот за добрососедство со Македонија. Мојата намера е заедно да го разгледаме, па Владата да го разгледа, па јавно да го облеодениме и на крај да го потпишеме. Вие направивте многу како претходна власт, а ние треба да довршиме“, рече Зоран Заев.

На ова реплицираше претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој кажа дека тие мора да им достават материјал за да тие можат да закажат седница.

„Деловникот кажува кога може да се отвори седница, вие можете да ги класифицирате тие материјали и да ни ги доставите. Притоа, пленумот преку гласање ќе укаже дали седницата ќе биде отворена или затворена“, рече Џафери.

поврзани објави

Последни објави