-1.2 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

ВМРО-ДПМНЕ чека брз влез во НАТО и преговори со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува средбите и телефонските разговори кои ги имаше Заев со челниците на поважните држави од меѓународната заедница на кои доби поддршка за реформите кои вети дека ќе ги спроведува и кои треба што поскоро да резултираат со членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Сега на потег е Зоран Заев и неговата влада. Сега треба да ја прими поканата за членство во НАТО и датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ. Сега веќе никој не може да каже дека проблемот е во ВМРО-ДПМНЕ или нашите меѓународни партнери од ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, без можност да одлучува за идните владини чекори, а СДС има мнозинство во Собранието, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

САД, Германија, Франција, Велика Британија и останатите, како што се наведува, изјавија дека се подготвени да ја поддржат Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО.

– Заев пред изборите говореше дека во рок од шест месеци ќе ја добиеме поканата за НАТО и ќе добиеме датум за преговори, нешто што е стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе нема никаков простор да се говори за некакво одмрзнување на замрзнати препораки. Сега се е во рацете на Зоран Заев и нема простор за изговори. Треба да го искористи моментот и да ја внесе земјата во ЕУ и НАТО веднаш, час поскоро. ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот ќе гласа за членство во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека чекаат брз влез во НАТО и преговори со ЕУ, што поскоро и без одложување.

поврзани објави

Последни објави