fbpx
5.8 C
Skopje

Алаѓозовски ги разреши Јелена Жугиќ и Братислав Димитров

АКТУЕЛНО

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ги разреши директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров, како и на НУ Театар комедија – Скопје, Јелена Жугиќ. Како вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци – Скопје е именувана Катарина Илиевска – Силјановска, додека за вршителка на должноста директор во Театар комедија – Скопје е именувана Мирјана Поповска – Ристов.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.

Потоа, веднаш штом за тоа се исполнат законските услови, Министерството за култура, низ целосно отворен и транспарентен процес, ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување  нови директори, на кои сите заинтересирани кандидати од самите институции, но и надвор од нив, ќе можат да ги предложат нивните програми и визии за департизација, заздравување и унапредување на работата на културните институции во Македонија“, соопштија од Министерството за култура.

Притоа тој им честиташе на назначените вршители на должноста директори на овие институции за храброста да се зафатат за оваа мошне тешка, компликувана и одговорна задача, и да одговорат на сериозниот предизвик да се овозможат основни услови овие институции да ја вратат нивната функција и да бидат во служба на јавниот интерес и на сите граѓани подеднакво.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -