7.8 C
Skopje
Wednesday, November 13, 2024

Амбасадорот Џес Бејли на средба со министерот за економија

Министерот за економија, Крешник Бектеши и амбасадорот на САД , Џес Бејли, остварија заедничка средба на која, посакувајќи си добра соработка во периодот што следи, го потврдија значењето од продлабочување на економските релации меѓу двете земји.

Министерот Бектеши ја истакна и цврстата решеност за продолжување на реформите во енергетскиот сектор согласно потребната динамика, информирајќи дека веќе се работи на новиот  Законот за енергетика во кој ќе бидат имплементирани новите европски директиви. Според Бектеши, од него ќе произлезат и новите програми во кои акцентот ќе биде ставен на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, па оттаму добредојдена ќе биде и поддршката за продолжување на проектите за воведување на енергетски ефикасни мерки во јавни згради.

Во делот на инвестициите,  министерот Бектеши информираше дека само во ТИРЗ-овите работат осум компании од САД, со вкупна инвестиција од 150 милиони долари, што претставува добар сигнал за американските бизнисмени и странските инвеститори дека Македонија е подготвена да иницира предлог за спогодба за взаемна заштита на инвестициите. Во оваа насока, Бектеши побара експертска поддршка во подобрување на соработката меѓу домашните компании како снабдувачи на странските инвеститори, што би придонело за позасилен локален и регионален економски развој.

Амбасадата на САД накусо го претстави новиот проект на УСАИД за поддршка на бизнисот за градење на конкурентност и изрази подготвеност да направат презентација на сите активни проекти, вклучувајќи ги и оние што се реализираат за поддршка на развојот на енергетскиот сектор.

На средбата накусо стана збор и за реализацијата на гасоводната инфраструктура, во однос на фазите на гасификација.

Амбасадорот Бејли истакна дека САД останува силен стратешки партнер наМакедонија, а воспоставувањето на уште поцврсти економски и политички односи е во заеднички интерес за двете земји.

поврзани објави

Последни објави