Нов хорор на летување го потресе светот откако денеска се случи крвав инцидент на плажа во Хургада во Египет.
Египетското министерство соопштува дека двајца странски туристи биле избодени со нож и починале, а тројца се повредени и тоа Срби.
Ројтерс пренесува дека убиените лица се Украинци, а има повредени Срби и лица од Полска.
Би-Би-Си пишува дека повредените меѓу кои има и потешко, се пренесени во локалната болница. Напаѓачот ги бодел во лицето, вратот и стопалата.
Тој е уапсен и се испитува мотивот за грозоморниот чин