3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ЛЕД мониторите се набавени во транспарентна процедура и остануваат во сопственост на државата

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес конференција на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески.

„СДС состави мнозинство и формираше влада за да ги реализира ветувањата на граѓаните, а не за да глуми опозиција.

Граѓаните очекуваат од новата влада минимална плата од 16 илјади денари, просечна плата од 500 евра плата, 100 илјади денари за докторите, 600 километри автопат а не манипулации и празни прес конференции.

ЛЕД мониторите кои ги спомнува партискиот директор на СОЗР се набавени во транспарентна процедура на законски начин, и остануваат во сопственост на државата. Доколку има било каков сомнеж дека нешто е сторено надвор од законот, го повикуваме СДС да покрене соодветна постапка. Се друго е само гол политички популизам и манипулирање на јавноста од кое што граѓаните немаат никаква полза.

Фактите велат дека додека ВМРО ДПМНЕ ја водеше владата имаше финансии и за лед екрани, но и за покачување на плати и пензии. Имаше финансиски средства и за изградба на училишта и градинки и за изградба на стадиони и спортски сали. Имаше финансиски средства и за инвестиции во патната инфраструктура и за инвестиции во енергетиката. Граѓаните немаат никаква полза ако СДС продолжи да бара оправдувања зошто да не реализира нешто, наместо да работи на исполнување на ветувањата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави