На 25-годишниот Теодор Боговески, најголема желба му е да биде среќен, а дружбата со пријатели во слободното време е нешто што му причинува најголемо задоволство. Тео вели дека инвалидската количка е дел од него веќе девет години, но тој има потреба од количка која може да ја вози и низ скопските улици и која чини 13.000 евра, пари кои не може да ги собере сам.
Тео студира на Правниот факултет, а благодарение на помошта на пријателите се движи и оди на предавања и испити.
„Ќе те пратат да земеш горе или доле индекс. Значи треба да има човек со мене. Досега тоа го правам со најблиските, со другари и се договарам со професорите лично. Од нивна страна сум задоволен, но системот и не е функционален. На пример во петокот полагав и нема како да стигнам до предниот дел до рампата“, вели Теодор.
Најголемата желба на Тео е да може сам да се движи низ скопските улица, а со новата количка нема да мора да има постојано придружба со него. Новата количка чини 13.000 евра. Сите што сакаат да му помогнат на Тео можат да донираат на:
Трансакциска сметка
Теодор Богоевски
300 0010000247 37
Комерцијална банка