fbpx
5.8 C
Skopje

Ешли Кол се враќа во Премиер лигата

АКТУЕЛНО

Поранешниот фудбалер на Челси и Арсенал, Ешли Кол наскоро би можел да се врати во Премиер лигата. Тој моментално настапува во МЛС лигата за тимот на ЛА Галакси.

Како што пренесуваат медиумите во Англија, огромен интерес за бекот има од Хари Редкнап, стратегот на Бирмингем, тим кој ќе има огромни амбиции за освојување на едно од местата за враќање во Премиер лигата.

Поранешниот стратег на Тотенхем и англиската репрезентација верува дека со искуството на Кол полесно може да дојде до своите замисли и цели.

Кол очекува да добие и нова понуда од ЛА Галакси, па играчот само ќе треба да одлучи за својата иднина. Ќе биде интересно да се види како левиот бек повторно би функционирал како фудбалер на островот.

 

Извор: Derbi.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -