Неспособната антиреформаторска влада на СДС започна со чистките и бруталната партизација на државата преку вработување на партиски војници на СДС, изјави денеска на прес конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните се уште ги чекаат ветените 30 000 денари просечна и 16 000 денари минимална плата, како и 500-те километри нов автопат. Засега само се реализира ветувањето на Заев за виткање кичма и ветувањето – дека ќе брка, ќе јаде живи луѓе и ќе владее со партизација на држава од чистачка до директор. 1.500 луѓе беа избркани од работа само затоа што немаат членски книшки на СДС, како што бара пратеникот од редовите на СДС Курто Дудуш, рече Арсовски.
Поради фрустрациите и комплексите на новата владеачката гарнитура и носењето одлуки без размислување, во Фондот за здравство во моментов не постои одбор кој може да носи одлуки околу лекување на осигурениците во странство. Поради Зоран Заев и СДС, животот на болните граѓани е доведен во ризик.
-Започна и смената на директори на институции преку јавно декларирана фашизоидна и тоталитарна предумисла: сменети се многу успешни директори на театри само затоа што немаат членска на СДС и не размислуваат како Зоран Заев и Роберт Алаѓозовски. Од друга страна масовно се вработуваат неквалификуваните кадри на Сорос кои со години одработуваа за политичките интереси на Зоран Заев и СДС, изјави Арсовски.
Тој додаде дека прочитани се и добро запаметени од сите граѓани овие профитери и одработувачи како што се: Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Бранимир Јовановиќ, Влатко Васиљ, Дарко Лешоски и многу други сеачи на магла кои ги гледаме изминатиов период.
-Овие профитери се претставуваа како невладин коректив на власта, и ја лажеа целата јавност дека бранат интереси на граѓаните. Со нивното ставање на платен список на владата на Република Македонија се покажа дека цело време ги бранеле само интересите на Заев и СДС, за што дебело биле платени и тогаш и сега. Граѓаните се во неизвесност за иднината, своја и на државата, гледајќи ги ваквите необјасниви потези на владата на Заев и СДС. Едно е повеќе од јасно: за само месец и пол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија, порача Арсовски.