fbpx
8.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира и ребалансот на буџетот, спреми повеќе од 1.000 амандмани

АКТУЕЛНО

Tешка се очекува да биде расправата за ребалансот на буџетот која стартува во понеделник во комисијата за финансирање и буџет. Иако рокот за поднесување амандмани истекува денеска, досега се стигнати околу 1000 предлог промени на буџетот од страна на опозициската Вмро ДПМНЕ и само неколку од страна на ДУИ, објави Телма.

Од СДСМ велат дека нема да достават ниту еден амандман но сигурни се дека опозицијата ќе стори се за да го отежни предложеното прекројување на државната каса.Според најавите на премиерот ќе се запази законската процеудра, постапката ќе трае до 29 јули а потоа ќе следи собраниска седница со што се очекува првиот ребаланс на буџетот за 2017 да биде донесен околу Илинден.

Според предложениот ребаланс вкупните кратења изнесуваат околу 47 милиони евра,наместо 3 % се предвидува економски раст од 2,2 %, дефицит од 2,9% и заштеда на значителни финансиски средства со кој ќе се усогласи планираното, реализираното и ветеното со изборната програма. Главни на удар се непродуктивните трошоци, како патувања, репрезентации, реклами и економски промоции а најголемото кратење од речиси 7 милиони евра е направено на буџетот на премиерскиот кабинет.

Според предложениот ребаланс помалку пари ќе добијат министерството за одбраната, за внатрешни,мин за правда , за финансии, животна средина, земјоделие , агенцијата за странски инвестиции , ДИК, кабинетот на претседателот Иванов,собранието и Уставниот суд, а повеќе МНР, агенцијата за разузнавање Мин за економија.Со ребалансот се предвидени дополнителни 20 милиони евра за фондот за ПИОМ за непречена исплата на пензиите, средства за решавање на статусот на стечајните работници,директна помош за домашните компании ,пари за субвенционирање на минималната плата и за укинување на Радиодифузната такса, ќе има пари за депонијата во Тетово но не и за решавање на проблемот со депонијата во Стргуга.Ребалансот според дел од економистите е преоден ,бидејки во септемрви ќе мора да се направи уште едно прекројување на касата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -