Денеска по повод 110 годинишнината од епската и херојска битка на “Ножот”, во организација на Македонското патриотско здружение “Патриот” од Прилеп, повеќе патриотски здруженија од Прилеп и државата, како и претставници на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, се упатија на планината каде се одиграла една од најкрвавите битки после Илинденското востание.
На “Ножот” во близина на селото Ракле прилепско, денеска се одржа и панихида во чест на загинатите херои од битката на 14-ти јули 1907 година.
За време на одбележувањето беше изведена и песната “Се зададе темен облак”, посветена на 54 млади Македонци, кои во борба против 3000 турска војска, ја испишаа највеличествената страница на македонската историја по Илинденското востание, саможртвувајќи се на каменестиот врв “Ножот”.
Извор: Маркукуле