fbpx
-4.2 C
Skopje

Најголемата ѕвезда на европскиот клупски првак донесе одлука за Суперкупот во Скопје

АКТУЕЛНО

Најголемата ѕвезда на европскиот клупски првак Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, речиси сигурно нема да игра во Скопје, на дуелот од Суперкупот на Европа, против Манчестер јунајтед, на 8 август, на „Телеком Арена“. Тренерот Зинедин Зидан му даде продолжен одмор на Португалецот поради настапот за својата репрезентација на Купот на Конфедерациите, а, како што информира шпанска „Марка“, тој првиот меч од новата сезона ќе го има на „Камп Ноу“, на првиот меч од Суперкупот на Шпанија, против лутиот ривал Барселона, на 13. август. Францускиот стратег сака Роналдо да одработи десет комплетни тренинзи со тимот, пред да му дозволи да игра, а тоа нема да се случи пред Суперкупот на Европа.

Доколку се потврдат најавите на „Марка“, која важи за одлично информиран медиум за случувањата во „кралскиот клуб“, тогаш љубителите на фудбалот во Скопје ќе останат скусени да го гледаат во живо еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Мечот од Суперкупот на Европа ќе биде вистински спектакл за Скопје и за фудбалска Македонија, а ќе играат победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, тимовите на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед.

Извор: Екипа.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -