14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Богојески: Обичните членови на ВМРО-ДПМНЕ се во пожесток притисок од нас

ПР стратегијата на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е да не се говори за реформите туку да се оцрнат реформаторите, беше оценето на денешната трибина на „реформаторите“ на ВМРО-ДПМНЕ насловена како  „Без табу теми“, која се одржа во Клубот на новинари во Скопје, во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

„Се пласираат тези во изминатиов период. Единствен начин е да лепат етикети и да нè дескридитираат, но ние нема да ја дефокусираме дискусијата. Дали членовите треба сами да ги избираат своите тела, тоа е прашањето на кое ќе инстираме. Дали ВМРО-ДПМНЕ треба да биде пријател или непријател со светските сили, со оглед дека нè обвинуваат дека сме се среќавале со претставници на меѓународната заедница“, посочи Александар Михајлоски.

Според Илија Илијоски, иницијативата е за системска реформа во партијата, а не за персонално распоредување. „ПР стратегиите ќе им паднат. Очигледно во добар дел на партијата тоа не е сфатено, но за кратко тоа ќе се смени“, рече тој.

Петар Богојески вели дека првиот ударен бран на закани бил прежесток и иако тоа се коси со сите стандарди во една демократска земја, во македонскиот случај дава резулатити.

„Но, не е толку страшна заканата кон нас лично, не се плашиме и ќе издржиме. Проблемот е кон обични граѓани кои не сакаат да бидат политичари туку едноставни членови на ВМРП-ДПМНЕ. Тие се во пожесток притисок од нас. Тоа е многу сериозен пристап, станува збор за притисок со јавување и испраќање лични пораки, до посети во нивните домови при што ги заплашуваат да не се осмелат во иднина да дадат поддршка. Ние сме вчудовидени зошто раководството на партијата не води сметка дека ризикуваат да направат поделби во партијата“, рече Богојески.

Александар Михајлоски на нападите дека сака да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ откако не заработува како партиски адвокат, посочи дека се работи за манипулации со цел негова лична дискредитација. „Во мојата канцеларија поминале над 100 адвокати, мојот личен успех како адвокат не ми дава право да барам реформи во ВМРО-ДПМНЕ? Моите клиенти 90 % се странски компании, тие ми ги доведоа од раководството на партијата? Таа теза дека партијата ми дала работа не е вистина, тоа е со намера да се подметне лага со цел да се фрли црно светло на реформите. Ние тој тип дискусија нема да го прифатиме“, рече Михајлоски.

Реформаторите откриваат дека сè уште не е отворена дебата во ВМРО-ДПМНЕ и дека не знаат дали е разгледувано ова прашање. Според реформаторите, случувањата со Пржинскиот договор потврдија дека сме млада демократија, дека институциите не можат самостојно да ги решаваат проблемите во државата и политичките партии да бидат чинители за стабилизација.

„Го поздравуваме ангажаманот на меѓународната заедница која придонесе за стабилизација на политичкиот договор. Нашата забелешка по однос на Пржинскиот договор и на Пржино е што ниту еднаш овие точки во партијата не беа ставени на дневен ред пред Пржинскиот договор, или да се прифати СЈО во таква форма како што беше договорена“, рече Петар Богојески на прашањето дали се согласуваат со СЈО и Пржинскиот договор.

поврзани објави

Последни објави