fbpx
6.8 C
Skopje

БОМБА! Ѕвездата на Манчестер Сити главен приоритет на Челси!

АКТУЕЛНО

 

Голем трансфер може да ја потресе Премиер лигата на Англија, откако „Скај Спорт“ соопшти дека шампионот Челси пројавува сериозен интерес кон голмајсторот на Манчестер Сити Серхио Агуеро.

Сините од Лондон бараат достојна замена за Диего Коста, кој со сигурност ќе го напушти Челси до крајот на трансферниот период, по што аргентинскиот голгетер е еден од приоритетите на клубот.

Лондончани не успеаа во обидот да го купат Ромелу Лукаку по што нивното внимание го свртеа кон еден од најдобрите напаѓачи на светот, Серхио Агуеро.

Ова ќе биде тешка мисија за Челси бидејќи Сити не сака да се раздели од лидерот во својот напад. Ова ја прави задачата на Челси многу тешка, но ова не пречи клубот да направи напори да го земе Кун, кој од 2011 година досега реализирал 169 пати со екипата од Манчестер. Агуеро има договор со Сити за уште 3 години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -