3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Швеѓаните зачудени: Куче го чува стадионот во Струмица?!

Македонија и се е можно…Па, дури и куче да го чува стадионот каде утре ќе се игра натпревар од квалификациите во Лигата на шампионите. На ваков начин, Швеѓаните ја опишуваат сликата која ја увидоа по доаѓањето во Струмица, каде утре, со почеток од 18 часот, македонскиот првак Вардар ќе го пречека шведскиот шампион Малме во реванш дуелот од елитното европско клупско натпреварување.

Фото: Екипа.мк

Не е ниту Вардар виновен, ова е единствениот стадион во моментов, кој доби некаква дозвола од УЕФА за на него да се играат мечеви од квалификациите во ЛШ. Работнички игра како домаќин на комплексот на ФФМ, но тоа сепак се квалификации за Лигата на Европа.

Фото: Екипа.мк

Поради реконструција, односно завршна фаза на „шминкање“, нашиот најголем стадион „Телеком Арена“ во Скопје, овојпат не е достапна за настапите на македонските клубови на европската фудбалска сцена. Приоритет е да се подготви за Суперкупот на Европа, дуелот што ќе го играат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на 8.август. А, дотогаш, нека се срамиме вака, во очите на Европа…Па, барем и кучево…со педигре да беше…

Извор: Екипа.мк

 

поврзани објави

Последни објави