fbpx
5.8 C
Skopje

Апел за помош на семејството Нешковиќ

АКТУЕЛНО

Многу пати до сега се имаме запознато со семејства кои имале турболентен пресврт во својот живот. Од нормално секојдневие, за момент животот им се претвара во пекол. Тоа се случува и со четиричленото семејство Нешковиќ од с. Љубанци.

Триесетипет годишниот Круме е единствен вработен во семејството, работи во гробишта Бутел, но до 2019 година нема да може да ја подигне платата, затоа што истата автоматски се префрла за плаќање на две казни. Едната е од направена собраќајка минатата година, а другата е поради берење дрва за огрев за своето семејство. Со пресметаните камати сумата е огромна. Во овој изминат период им се насобрани сметки за струја и истата им е исклучена.

Згора на се живеат во многу стара куќа, која секој момент може да се сруши над нивните глави. Поради безбедност, поради потреба од храна и немање на електрична струја, повремено по неколку дена песпиваат на различни места кај свои роднини. После работното време Круме повремено оди како аргат секаде каде што ќе го викнат со цел да донесе парче лепче дома.

Ова семејство се наоѓа во многу тешка состојба. Вистински дела на љубезност им однесоа кревет, шифоњер и елементи за кујна донирани од семејство од Автокоманда, но во вакви услови не возможно да се донираа друга покуќнина.

Овде е потребен нов почеток и помагање на ова семејство за што поскоро да излезе од оваа ситуација. Потребно е рушење на старата куќа и изградба на нов објект и финансиска поткрепа за покривање на секојдневните потреби за живот.

Секој кој сака да му помогне на ова семејство може да донира средства на сметката на сопругата: 
Маја Нешковиќ 
300 0070771808 55 
Комерцијална Банка АД Скопје

Или да ги контактирате на телефон 071/846-249

Превземено од: Вистински Дела на Љубезност

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -