Пишува: Алекс Ружин ЧЛЕН НА Ц.О. НА ЛИБЕРАЛНО ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА
Не поминаа ниту 50 дена од конститутирањето на новата влада, а можеме да констатираме дека криминалната клика на ВМРО-ДПМНЕ не престанува со критики, манипулации, превртување на тезите, загриженост за партизација на судството и администрацијата, барање одговорност од владата за натприродните појави како што се земјотресите или подметнатите пожари на ѓубриштата.
Граѓаните се изненадени од интензитетот на бројните пресови на ВМРО-ДПМНЕ во кои оваа криминална група настојува да се наметне како совест на општеството, персонификација на правдината, чесноста, иако на сите им е јасно дека се работи за обиди уште еднаш како во изминатите 11 години да се излаже и ограби народот.
Криминалната ДНК на ВМРО-ДПМНЕ е препознатлива. Уништени граѓани, деловни луѓе, криминални махинации, прислушкувања, нагрдување со барок стил, обид за убиство на пратениците како во Венецуела, промашени автопатни траси, корупција, продадени државни резерви по багателните цели во стилот „После нас потоп“, безмилосно трошење на државни пари, луксузни коли, поткупени медиуми, општ популизам од најниско ниво, огромно богатење на локалните моќници и тајкуни на ВМРО-ДПМНЕ и слично.