Администарцијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови санкции против 18 ирански поединци, групи и мрежи поради иранската балистичка ракетна програма и поттикнување регионални тензии.
Одлуката е донесена еден ден откако администрацијата на Трамп му потврди на Конгресот дека Иран технички го спроведува договорот за нуклеарната програма и може и натаму да “ужива“ во ублажување на санкциите, пренесува АП.